Традицијата продолжува…
Во периодот од 29.03 – 31.03.2019та година се одржаа 4те Дијабетолошки денови со меѓународно учество во Хотел „Монтана“ во Крушево. Оваа година мотото на Светскиот ден на дијабетесот беше “Дијабетесот го засега секое семејство”, па и овој симпозиум беше посветен на дијабетесот и неговите компликации.
Учесниците имаа можност повторно да се потсетат на сериозните компликации кои ги предизвикува дијабетесот, но секако и да чујат што е ново во нивната превенција и третман.
Симпозиумот овозможи учество на еминентни ендокринолози од Македонија и регионот, но и од светот кои своите искуства и новитети ги споделија со аудиториумот.
македонски
English









