За Нас

Научното здружение на ендокринолози и дијабетолози на Македонија (НЗЕДМ)

Научното здружение на ендокринолози и дијабетолози на Македонија (НЗЕДМ) е основано на 26.05.1999 година, кога е донесена одлука за формирање на т.н. Дијабетолошка асоцијација на Македонија (ДАМ). Под ова име официјално почнува со работа од 19.07.1999 година. Во наредните години здружението успешно функционира и со секоја наредна година се зголемува бројот на активности и настани, достапни за сите заинтересирани лекари.

Со текот на годините, се наметна потребата од промена на името, поради лимитирачкиот претходен назив кој се однесувал само на дијабетесот, што претставува само една алка од бројниот ендокринолошки спектар на болести. Па така, на 11.04.2011 година одржана е седница на здружението, на која е донесена едногласна одлука за промена на името на здружението во Научно Здружение на Ендокринолози и Дијабетолози на Македонија (НЗЕДМ), како и одлука за усогласување на Статутот со новите законски одредби. На истата седница е донесена одлука за отстапување и пристапување на основачи, па така основачи на НЗЕДМ се д-р Милчо Богоев, д-р Бранкица Крстевска, д-р Татјана Миленковиќ, д-р Чедомир Димитровски и д-р Саша Јовановска Мишевска.

Визијата на НЗДЕМ е едноставна и секогаш се стреми кон постојана стручна надградба и застапување на интересите на членовите. За таа цел континуирано се организираат и реализираат стручни состаноци и настани кои придонесуваат кон подобрување на клиничката пракса и воедно следење на најновите трендови на енокринологијата во светот.

Актуелното претседателство се залага кон подобрување на превенцијата, усовршување на дијагностиката и зголемена ефективност на третманот на ендокринолошките болести и дијабетесот, преку бројните реализирани настани со меѓународно учество на експерти од областа на ендокринологијата и дијабетесот. Здружението го поздравува секој обид и секоја идеја за напредок како во клиничката пракса, така и во академската сфера. Секоја идеја ќе биде детално разгледана и доколку е изводливо ќе биде и поддржана. Целта на НЗЕДМ е поттик на неговите членови за нивен константен напредок и создавање на цврста подлога за идните генерации.

Цели и задачи

Здружението е со цел да ја развива и унапредува соработка меѓу неговите членови:

Да дава поттик на научната и стручната работа во областа на ендокринологијата и дијабетот

Да им помага на органите на управата со давање на стручни мислења при решавањето на прашања што се однесуваат од областа на ендокринологијата и дијабетесот

Да соработува со други струкови организации од научна и здравствена дејност

Да работи на научно и стручно поле и научно усовршување на ендокринолозите и дијабетолозите и слични профили и за таа цел организира и одржува работни ,научни, стручни собири, конгреси

Да предлага усовршување на програма за студии,специјализација,субспецијализација и останати форми на научно и стручно усовршување во своите области

Да се грижи членството да се придржува кодексот на струката.

Да се грижи за унапредувањето на општествената и економската положба на членовите

Да се грижи за сите прашања од заеднички интерес за струката (законски прописи,подзаконски акти,школување, кадри итн.

Да работи на унапредувањето и подобрувањето на наставата (наставни планови и програми),како и за наобразба на неговите членови на полето на ендокринологијата и дијабетесот

Да ја запознава јавноста со придобивките и постигнувањата во научната област од ендокринологијата и дијабетесот

Да издава научно-стручни списанија како и периодични научни публикации

Да учествува во утврдувањето и остварувањето на здравствената во склад со заедничката политика на општествен и организационен план Ја поттикнува и помага научно-истражувачката работа на полето на ендокринологијата и дијабетесот преку научно-истражувачки проекти и основни посебни награди

Да го развива чуството на чест, достоинство и одговорност кон стrуката и превзема соодветни мерки во случај на кршење на наведените начела

Поставки за приватност

Кога ја посетувате нашата веб-локација, таа може да складира информации преку вашиот прелистувач од одредени услуги, обично во форма на колачиња. Овде можете да ги промените вашите параметри за приватност. Вреди да се напомене дека блокирањето на некои видови колачиња може да влијае на вашето искуство на нашата веб-локација и услугите што можеме да ги понудиме.

Click to enable/disable Google Analytics tracking code.
Click to enable/disable Google Fonts.
Click to enable/disable Google Maps.
Click to enable/disable video embeds.
Нашата веб-страна користи колачиња, главно од услуги од трета страна. Дефинирајте ги вашите параметри за приватност и/или согласете се со нашата употреба на колачиња.