Настани

НАСТАНИ 2025

1024 558 Научно здружение на ендокринолози и дијабетолози на Македонија (НЗЕДМ)

Трет регионален симпозиум на млади ендокринолози

Големо задоволство е да Ве пречекаме во Скопје, С. Македонија, на Третиот регионален симпозиум на млади
ендокринолози. Возбудени сме што повторно се собираме, продолжувајќи ја традицијата која стана витален дел од
нашето заедничко професионално патување и заедница.

Овој симпозиум е повеќе од само настан – овој симпозиум претставува безбедно катче каде младите ендокринолози
се собираат заедно за да учат едни од други, да споделуваат искуства и да се инспирираат едни со други. Преку оваа
традиција, ги зајакнуваме нашите професионални врски, славиме нови идеи и го поддржуваме растот и развојот на
следната генерација на специјалисти за ендокринологија.

Трет регионален симпозиум на млади ендокринолози

01-02.10.2025

НАСТАНИ 2024

1024 768 Научно здружение на ендокринолози и дијабетолози на Македонија (НЗЕДМ)

Настани 2024 – Train-the-Trainer

Вториот регионален состанок на DESG „Train-the-Trainer“, се одржа во Скопје во период од 30-31 октомври, 2024 година, во Хотелот „Холидеј Ин“. Учество земаа околу 40 млади ендокринолози, кои во две групи следеа предавања и практична настава од еминентни професори и доктори од Македонија и регионот.

Целта на овој курс беше да помогне на медицинската професија да ја сфати важноста на едукацијата на пациентите како терапевтска мерка и да ги анализира потребите и тешкотиите доживеани од медицински тимови кога треба да подучуваат дијабетичари.

Настани 2024 – Train-the-Trainer

Вториот регионален состанок на DESG „Train-the-Trainer“, се одржа во Скопје во период од 30-31 октомври, 2024 година, во Хотелот „Холидеј Ин“.

НАСТАНИ 2017

1024 683 Научно здружение на ендокринолози и дијабетолози на Македонија (НЗЕДМ)

Првиот EASD-PG курс

Првиот EASD-PG курс беше одржан во хотел „Мериот“ Скопје, Македонија од 09-11 октомври 2017 и беше организиран од Поткомитетот за постдипломско образование на EASD, Македонско здружение за ендокринолози и дијабетолози, како и Универзитетска клиника за ендокринологија, дијабетес и метаболички нарушувања – Скопје.

Целта на овој курс беше да обезбеди практично знаење и практична обука од страна на меѓународни експерти за дијабетес за тоа како да се спречи и третира дијабетесот и неговите компликации.

Овој курс беше уникатна шанса за стекнување на дополнително знаење и усовршување на вештините за младите и амбициозни доктори, кои еден ден ќе застанат на местото на говорниците на овој курс.

Првиот EASD-PG курс

Првиот EASD-PG курс беше одржан во хотел „Мериот“ Скопје, Македонија од 09-11 октомври 2017

Поставки за приватност

Кога ја посетувате нашата веб-локација, таа може да складира информации преку вашиот прелистувач од одредени услуги, обично во форма на колачиња. Овде можете да ги промените вашите параметри за приватност. Вреди да се напомене дека блокирањето на некои видови колачиња може да влијае на вашето искуство на нашата веб-локација и услугите што можеме да ги понудиме.

Click to enable/disable Google Analytics tracking code.
Click to enable/disable Google Fonts.
Click to enable/disable Google Maps.
Click to enable/disable video embeds.
Нашата веб-страна користи колачиња, главно од услуги од трета страна. Дефинирајте ги вашите параметри за приватност и/или согласете се со нашата употреба на колачиња.