6от Ендокринолошки конгрес и 7те Дијабетолошки денови во Македонија, со меѓународно учество беа организирани во период од 13- 16 октомври 2022, во хотел „Изгрев“ во Струга. По три години од пандемијата на КОВИД-19, повторно овозможивме непрекинат тек на нашите едукативни настани. Со овој голем настан ја продолживме веќе создадената традиција за континуирана медицинска едукација од врвен квалитет. Овозможивме разновидна, информативна и едукативна програма која го задоволи сечиј интерес, а нашите колеги од Македонија, регионот и светот земаа активно учество преку интелектуални дискусии, пленарни сесии, постер презентации и симпозиуми.
македонски
English









