Во 2018 година понудивме нешто поразлично, односно во ист временски период се одржаа 3те Дијабетолошки денови и 5от Македонски Конгрес по ендокринологија со меѓународно учество, во Охрид во Хотел „Гранит“.
Од 10-13 мај реализиравме богата програма која вклучуваше пленарни предавања, презентации, симпозиуми, дискусии и работилници, во кои сите заинтересирани учесници имаа можност да земат учество и да се потсетат на сериозните компликации предизвикани од дијабетесот, новините за негова превенција и понатамошен третман, а се дискутираше и за дилемите во областа на ендокринологијата и дијабетесот.
македонски
English









