Вторите дијабетолошки денови со меѓународно учество, беа одржани во преубавиот Дојран. Овој симпозиум по втор пат го одбележи традиционалениот годишен собир на дијабетолозите од Македонија и го обедини нивниот заеднички интерес – дијабетесот.
Во периодот од 31.03-02.04.2017 година заедно со нашите гости од регионот и пошироко се потрудивме да направиме интересен програм. Бидејќи таа година мотото на Светскиот ден на дијабетесот беше “Очите кон дијабетесот”, овој симпозиум беше посветен на дијабетесот и неговите компликации.
Учесниците имаа можност повторно да се потсетат на сериозните компликации кои ги предизвикува дијабетесот, но исто така и да чујат што е ново во нивната превенција и третман.
македонски
English









