Поради пандемијата 2020 година беше година на неизвесност во сите сфери од општествениот живот, но и предизвик како да се продолжи понатаму. Сите активности беа откажани, па така и 5те Дијабетолошки денови кои беа предвидени за 18-19 март таа година не се одржаа во предвидениот датум. Но, не се откажавме. Почитувајќи ги препораките и протоколите, симпозиумот се одржа онлајн од просториите на агенцијата „3Д-Проект студио“ која секоја година е одговорна за организацијата и техничката реализација на нашите настани.
Па така, во периодот од 13-14 октомври 5те Дијабетолошки денови се одржаа како хибриден настан онлајн и на истиот учество земаа повеќе од 150 учесници, 30 еминентни предавачи, а и фармацевските компании ги реализираа своите симпозиуми.
македонски
English







