2023 година беше 8ма година по ред за Дијабетолошките денови во Македонија. Продолживме да го следиме светскиот тренд во дијабетесот, како во секојдневната пракса во нашите амбуланти, така и во научните секции и настани на кои ги споделуваме најновите лекови, студии и третмани на дијабетесот.
И на овој симпозиум дадовме максимални напори да овозможиме интересна, разновидна, информативна и едукативна програма, приспособена за сечиј вкус и интерес.
Симпозиумот се одржа во хотел „Сириус” во Струмица во периодот 15-17.09.2023 година.
македонски
English









