„Дијабетесот при срце“  претставува глобална анкета за кардиоваскуларни болести кај луѓето со тип 2 дијабетес, иницирана од Интернационалната федерација за дијабетес во партнерство со Ново Нордиск и се фокусира на свесноста и знаењето за кардиоваскуларните болести (КВБ) кај луѓето со тип 2 дијабетес. Во оваа анкета учествува и Научното здружение на ендокринолози и дијабетолози на Македонија кое овозможи превод на македонски јазик.  Целта на оваа студија е да се овозможи подобар пристап и разбирање во однос на тоа како размислуваат луѓето со тип 2 дијабетес. Доколку имате тип 2 дијабетес ве охрабруваме да одвоите дел од вашето време и да ја пополните анонимната анкета, која е преведена и на македонски јазик. Податоците кои ќе ги добиеме ќе ни помогнат во начинот на комуницирање и пренесувањето на информации за третман и справување со тип 2 дијабетес, што пак може да овозможи подобар живот за луѓето со тип 2 дијабетес. Пристапот кон анкетата е со кликање на сликата подолу. Ви благодариме за учеството.