Светски ден на дијабетесот 2018 - Светскиот ден на дијабетесот се обележува секоја година на 14-ти ноември. Оваа година мотото под кое ќе се изведува е - Дијабетесот го засега секое семејство. По повод Светскиот ден на дијабетесот 2018, Научното здружение на ендокринолози и дијабетолози на Македонија (НЗЕДМ) ќе организира повеќе активности - на 11.11.2018 ќе се одржи физичка активност на Кејот на град Скопје. Сите учесници ќе добијат маичка и проспект, кои се реализирани во соработка со Интернационалната федерација за дијабетес. Дополнително, на секој учесник ќе му биде измерена гликемија пред почетокот на физичката активност и на крајот од истата, со цел да се потенцира значењето на физичката активност во третманот на дијабетесот. Сите учесници ќе бидат обезбедени со вода, а ќе има и закуски со низок јаглехидратен индекс. Сите заинтересирани ќе имаат непосреден контакт со лекари кои веќе долго работат на полето на дијабетесот. Во план се дополнителни активности за самиот ден - 14.11.2018

 

 „Дијабетесот при срце“  претставува глобална анкета за кардиоваскуларни болести кај луѓето со тип 2 дијабетес, иницирана од Интернационалната федерација за дијабетес во партнерство со Ново Нордиск и се фокусира на свесноста и знаењето за кардиоваскуларните болести (КВБ) кај луѓето со тип 2 дијабетес. Во оваа анкета учествува и Научното здружение на ендокринолози и дијабетолози на Македонија кое овозможи превод на македонски јазик.  Целта на оваа студија е да се овозможи подобар пристап и разбирање во однос на тоа како размислуваат луѓето со тип 2 дијабетес. Доколку имате тип 2 дијабетес ве охрабруваме да одвоите дел од вашето време и да ја пополните анонимната анкета, која е преведена и на македонски јазик. Податоците кои ќе ги добиеме ќе ни помогнат во начинот на комуницирање и пренесувањето на информации за третман и справување со тип 2 дијабетес, што пак може да овозможи подобар живот за луѓето со тип 2 дијабетес. Пристапот кон анкетата е со кликање на сликата подолу. Ви благодариме за учеството.

 

  ___________________________________________________________________________________________________________________________________________________________

 

5ти Македонски конгрес по енокринологија, дијабетес и метаболични нарушувања со меѓународно учество, во организација на Научно здружение на ендокринолози и дијабетолози на Р Македонија, 10.05 - 13.05.2018, Охрид, Македонија

 

___________________________________________________________________________________________________________________________________________________________